Корејскиот „Паразит“ со Оскар за најдобар филм испиша историја

Филмот „Паразит“ од Јужна Кореја беше прогласен за најдобар филм на синоќешните Оскари, со што стана првиот филм од неанглиско говорно подрачје кој победил во главната категорија на наградите.

Покрај Оскарот за најдобар филм, сатирата на режисерот Бонг Јун-Хо победи и во категоријата за најдобра режија, оригинално сценарио и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, каде беше во конкуренција со македонскиот документарец „Медена Земја“.

Во актерските награди, во категориите за главни улоги триумфираа Рене Зелвегер и Хоакин Феникс, додека за споредни улоги победија Лора Дерн и Бред Пит.

Иако беше сметан за еден од најголемите фаворите на овогодишната церемонија, филмот „1917“ на Сем Мендез, иако номиниран во 10 категории, освои само три Оскари – за кинематографија, монтажа на звук и визуелни ефекти.

Во категоријата за документарни филмови, каде исто така беше номиниран „Медена Земја“, Оскарот го доби „Американска фабрика“. „Приказна за играчките 4“ беше прогласен за најдобар анимиран филм, а „Џоџо зајакот“ победи во категоријата за најдобро адаптирано сценарио.

Целата листа на добитници на наградите на Американската академија за филм, можете да ја погледнете на следниов ЛИНК.