„Контрафест“ – фестивал на музика и книги во „Порта Џез“ во Битола

„Пондер“ и „Контра кадар“ во „Порта Џез“ во сабота (6 април) го претставуваат „Контрафест“, фестивал на музика и книги.

„‘Контрафест’ е  прослава на книгата и музиката, каде што ќе имаме комбинација од многу одлични книги, разговори и музика“, велат организаторите.

Програмата стартува во 12 часот со промоција на Контра библиотека, бесплатна радикална библиотека, а час потоа, од 13 часот ќе има и промоција на вториот број на „Пондерзин“ и промоција на џебната збирка кратки раскази „Г-ѓа Вајолет“ на Нина Максимова – две нови изданија на „PonderBooks“.

Вечерта, пак, во склоп на фестивалот од 22 часот е предвиден и концерт на „Калап“ и „Строг Пост“ – два неверојатно возбудливи инструментални бендови од Скопје.

Влезот за концертот ќе чини 200 денари.

Покрај ова, на настанот свој штанд ќе има и „Аксиома“, од кои присутните ќе може да си набават маичка, цд или книга во нивно издаваштво.