Конкурс за млади писатели на тема – „Скопје“

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност (ИНАКУ) од Скопје распишува Конкурс за млади писатели за песни, раскази и есеи на тема – Скопје.

Темата Скопје е само глобална и заедничка, а сите песни, раскази и есеи треба да имаат свои посебни авторски наслови.

Организаторите информираат дека на Конкурсот може да учествуваат автори од целата држава, но да не се постари од 35 години, а секој автор може да испрати неограничен број свои творби за сите три жанрови.

Творбите треба да бидат потпишани со името и презимето на авторот , годините на возраста, адресата и мејлот.

Конкурсот е отворен од 15 април до 15 мај, а творбите треба да се испраќаат на следниов мејл: info@inaku.mk

Од сите пристигнати творби ќе биде направен избор на најдобрите творби и тие ќе бидат објавени во книгата “Млади писатели”.