Концертна серија „Musica Viva на отворено“ во организација на Факултетот за музичка уметност

Факултетот за музичка уметност во Скопје организира концертна серија насловена „Musica Viva на отворено“, како дел од научно-истражувачки проект поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој ќе започне денеска и ќе трае до 28 јуни.

Тие посочуваат дека на програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Нина Костова Јаневска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, доц. д-р Елена Атанасовска Ивановска, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов, м-р Димче Белчовски.

Концертите кои започнуваат во 19 часот, ќе се одржат по следниот распоред:

26 јуни – Вокален мозаик, тераса на Музеј на македонската борба
27 јуни – Камерно-солистички мозаик, тераса на Музеј на македонската борба
28 јуни – Сонатен мозаик, фоаје на НУ Национална опера и балет

Влезот, како што информираат од ФМУ е слободен, но поради ограничениот број на седишта, додаваат дека е потребна резервација на телефонскиот број 071/912-555 или на мејл адресата fmu@fmu.ukim.edu.mk.