Концерт на „Зулу 3.4“ во Битола

Џез триото „Зулу 3.4“ во недела (30 април) по повод Меѓународниот ден на џезот ќе одржи концерт во „Порта Џез“ во Битола.

Концертот кој е во организација на Младинскиoот културен центар во Битола ќе започне во 22 часот.

„Зулу 3.4 е трио составено од млади професионални џез музичари чија цел е константно да ја изненадуваат својата публика со нови звуци и необични аудио-визуелни искуства кои се резултат на постојаниот еволуциски процес на мешавината од стилови и звуци. Ова трио годинава е добитник на наградата за најдобар млад македонски џез бенд, што традиционално се доделува секоја година од страна на Скопскиот Џез Фестивал“, стои во најавата за концертот.