Концерт на солистите на Националната опера и балет

По повод светскиот ден на операта на 25 октомври, со почеток во 20.00 часот, во
Националната опера и балет, ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и
балет.

На концертот ќе настапат баритонот Марјан Јованоски и басот Владимир Саздовски, а како гостинка ќе настапи сопранот Сандра Митровска со пијано придружба на Елена Сиљаноска.

Концертната програма вклучува арии и дуети од оперите на П. И. Чајковски, Џ. Верди, У. Џордано, А. Дворжак и П. Маскањи.

Од НОБ известуваат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда
за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, а задолжително е носење на заштитна маска.