Kонцерт на квартетот „Од се` по нешто“ во КИЦ

На 19 октомври од 20 часот во Културно информативниот центар – Скопје ќе се одржи концерт на квартетот „Од сe` по нешто“.

Проектот е насловен Мулти – Култи музика, додека на програмата ќе се изведува разновидна музика од светот и музика на повеќето заедници кои живеат во нашата земја.

Учесници:

Милан Кацарски – хармоника

Владимир Комненовски – кларинет

Тимко Чичаковски – канон

Марко Марковски – перкусии

Повеќе информации на следниов ЛИНК.