„Трансцеденција за 4 пијана“ на пијанистките Иванова, Невчева, Дамјановски и Николовска во Филхармонија

Во четврток (22 септември) со почеток во 20 часот во големата сала на Филхармонија ќе се одржи концертот насловен „Трансцеденција за 4 пијана“ во изведба на пијанистките Дуња Иванова, Јанинка Невчева, Ива Дамјановски и Маријана Николовска.

Проектот „Трансценденција за 4 пијана“ претставува фузија на модерниот и класичниот звук. Преплетувањето на минимализмот со повторувачкиот манир кој создава амбиент на електроника и повторното враќање кон корените на музичката историја, барокот, за публиката ќе овозможи уникатно музичко патување. За првпат на македонската музичка сцена, слушателите ќе имаат можност да чујат изведба на дела наменети за 4 пијана, целовечерна естетика низ призмата на современите музички автори Рајх, Калдини, Шоненбик, и основоположникот на музичката мисла Јохан Себастијан Бах.

Стивен Мајкл Рајх е американски композитор познат по неговиот придонес во развојот на минималистичката музика од средината до крајот на 1960-тите. Работата на Рајх е одбележана со употребата на повторливи фигури, бавен хармоничен ритам и канони.

Фулвио Калдини е италијански композитор, пијанист и музиколог. Од 80-тите години на минатиот век тој создаде голем број дела кои генерално се составени според минималистички принципи, покажувајќи особено влијание од музиката на Стив Рајх.

Кис Шоненбик е холандски композитор кој во своите композиции користи звучни идиоми прифатливи за пошироката публика. Неговиот опус е широк и вклучува камерна музика, дела за хор, оркестар и дувачки инструменти. Неговиот звук е несомнено под влијание на англиските компзитори Бенџамин Бритн и Ралф В.Вилијамс.

Јохан Себастијан Бах е истакнат германски музичар и композитор кој важи за еден од најголемите композитори на сите времиња. Неговите дела се високо ценети поради нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина. Меќу нив се издвојуваат Бранденбуршките концерти, Свитите и Партитите за пијано, Мисата во h-moll, Житието на Св.Матеј.