Утре во просторот на Даре Џамбаз во Скопје, од 14 до 21 часот ќе се одржи ФИЈУК Саем – настан посветен на независната уметничка сцена и современите креативни практики.
Саемот ќе ја најави пролетта со промоција на книга со колажи од Милета Мијатовиќ, издадена од Longest Night – штампарски колектив од Гетеборг. Во рамки на програмата ќе се одржи и работилница за колажи во организација на Скопје Колаж Колектив, како и музичка програма во живо.
На саемот со свои дела ќе се претстават бројни уметници и колективи од независната сцена, меѓу кои: Longest Night, Арт Еквилибриум / Бош Фестивал, Црна Хроника, Ертунч Сали и Кула, Тома Димовски, Ефиним Магазин, Јован Гаковски, Марио Каев, Beamoff.art, Филипа Сара Попова, Јана Николовска, Јелена Белиќ, Марко Трепески, Ева Симеска, Искра, Shock Troopers, Матеј Богдановски, Шарла, ХОПС – Опции за здрав живот со креативни работилници под менторство на Љупчо Костовски, Партизанска штампа, Private Print, Шарла рекордс, Murat Kalkaman, Владимир Муратовски, Елица Димитрова, Дона Илијевска и Disease/Discops.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со внимателно селектирана група излагачи кои работат во различни медиуми, меѓу кои фотографија, графика, музика, дизајн, поезија, колаж и сликарство. Настанот претставува платформа за промоција на нови автори и идеи, но и можност за директна средба меѓу уметниците и публиката.
ФИЈУК Саемот има за цел да ја афирмира локалната креативна сцена и да создаде простор за размена на идеи, соработка и претставување на независната продукција.
По завршувањето на саемот, програмата продолжува со ФИЈУК афтер концерт на Милко, со почеток од 21 часот во Паб Ѕе.



