Кој земаше највисока, а кој најниска плата во јуни [Инфографик]

Просечната нето-плата во јуни 2023 година во Северна Македонија изнесувала 36.527 денари, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Оваа цифра е за 14,6% повисока од просечната нето-плата за истиот месец лани.

Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите: Градежништво (19,6%), Информации и комуникации (17,9%) и Образование (17,5%).

Истовремено бројките покажуваат дека разликата меѓу најниската и највисоката плата по дејности изнесува повеќе од 76 илјади денари.

Ние подготвивме визуелен приказ од десетте најмногу и најмалку платените дејности според последните податоци на статистичарите. Визуелниот приказ на податоците погледнете го во продолжение:

Даниел Евросимоски