Кофинансираните специјализанти постигнаа договор со Министерството за здравство

Министерството за здравство (МЗ) објави дека на вчерашната средба со кофинансираните специјализанти е постигнат договор. Оттаму велат дека ќе се менува Законот за здравствена заштита според нивните барања.

Инаку, кофинансираните специјализанти пред четири дена излегоа на протест пред Министерството за здравство, од каде побара повисока плата и загарантирано работно место бидејќи нивните специјализации не се вклопуваат во Законот за здравствена заштита.

Од МЗ информираат дека постигнат е договор и со приватните специјализанти доктори на медицина од конкурсот 2019 година, за кои се најавува дека ќе бидат платени за работата од месец февруари, 2020 година.