Според законот, општините и родителите се одговорни за намалувањето на стресот од прегорување кај децата, пренесува „Гардијан“.
Новиот закон кој е објавен денес, ги поставува локалните власти како одговорни за намалување на стресот кај децата, а бара од родителите да го организираат времето на децата така што тие ќе имаат време за одмор и вежбање, со што ќе се намали стресот од учењето и преголемото користење на интернет.
Пекинг претходно воведе регулирано време за играње на видео игри кај децата, но и мерки со кои се намалува следењето на интернет инфлуенсерите.
Кинеските власти изјавија дека размислуваат и за казнување на родителите чии деца ќе покажат многу лошо поведение и ќе прават прекршоци.
Во последниве неколку месеци, министерството за образование го ограничи играњето видеоигри кај малолетниците и дозволи по еден час „гејмање“ во петок, сабота и недела.
Истовремено, министерството го намали времето за домашни задачи и ги забрани приватните часови по поважните предмети за време на викендите и празниците. Оваа одлука се донесе откако кинеските власти се загрижија за академскиот товар врз децата.
Меѓувреме, Кина поттикнува младите кинески момчиња да бидат помалку „феминизирани“, а повеќе „маженствени“.
Во државниот предлог за „Превенција од феминизацијата на машките адолесценти“, која била објавена во декември, министерството за образование барала од училиштата тие да промовираат спортови на кампусите.
Минатата година, член на Врховното национално советничко тело се најде на насловните страници кога изјави дека доколку продолжи трендот на „феминизација“ кај момчињата, тој може да наштети врз развојот на Кина.