Кина го врати скратениот крај на „Боречки клуб“ по јавните критики

Најголемата кинеска стриминг платформа Тенсент го врати оригиналниот крај „Боречки клуб“ откако цензурираната верзија од филмот минатиот месец предизвика револт кај корисниците.

Вистинскиот крај на холивудскиот класик од 1999 година во кој глумат Бред Пит и Едвард Нортон, прикажува сцени од експлозија на градот во завера за создавање нов општествен поредок. Сепак, кинеската верзија на филмот ги немаше завршните сцени и наместо тоа се појавувал текст на екранот со порака дека властите победиле и дека ништо лошо му се нема случено на градот.

Во оригиналниот крај на холивудскиот класик од 1999 година, ликот кој го игра Едвард Нортон го убива неговиот замислен алтер-его Тајлер Дурден, кој го игра Бред Пит, пред експлозија на градот во завера за создавање нов општествен поредок.

Во Кина, пред експлозијата сега се појавува текст во кој стои дека полицијата ја открила заверата, ги уапсила криминалците и го испратила Дурден во душевна болница.

„Преку траги кои ги оставил Тајлер полицијата брзо го разоткрила целиот план и ги уапсила криминалците, успешно превенирајќи бомбата да експлодира. По судењето Тајлер е испратен во душевна болница за психијатриско лекување. Тој бил отпуштен од болницата во 2012 година“, стои на крајот на верзијата за кинеските гледачи.

Последната верзија која ја пушти Тенсент вратила околу 11 од вкупно 12-те минути кои биле скратени. Сцените кои и понатаму недостасуваат се оние во кои се прикажува голотија.

Овие промени предизвикаа жестока дебата за филмската цензура во Кина. Променетиот крај беше исмеван на социјалните мрежи како од организациите за заштита на човековите права, така и од кинеските гледачи, кои претходно гледале пиратска верзија од оригиналот.

Писателот на романот според кој е направен филмот, Чак Паланиук, саркастично на Твитер тогаш напиша: „Ова е супер! Секој добива среќен крај во Кина!“.

Не е реткост кинеските власти да цензурираат делови од западните филмови, но уште поретко е ваквото менување на самиот крај.

Кинеските власти го скратиле крајот на „Боречки клуб“ и го замениле со триумф на полицијата