Ќе се реновира музичкото училиште во Битола

Битолскиот градоначалник Владимир Талески најави дека ќе се реновира музичкото училиште во Битола. Според најавата,сите активностите за реконструкцијата ќе бидат комплетно завршени на почетокот на летниот распуст.

Ќе се реновира музичкото училиште во Битола

Тој денеска го посети училиштето и информираше за тековните и идни активности.

„Во тек е реконструкција на А делот и таа е завршена, но има некои ситни работи кои што треба да се дозавршат, така што овде во блокот Б предвидена е реконструкција на дограмата и целосно санирање на фасадата, значи 8 сантиметри термичка изолација. Очекуваме до месец мај да има потполна замена на целата дограма, не само на двата ката каде што е музичкото училиште туку на целиот објект да се направи фасадата што значи дека можеби ќе биде и многу подобар блокот од оној претходниот во А делот. Како локална самоуправа веднаш ќе ја подобриме ситуацијата во тоалетите, деновиве започнуваме со интервенции, ќе ги подобриме условите со тоа што ќе интервенираме во двата дела“, посочи Талески.

Тој појасни дека се уште проблем останува греењето бидејќи не бил доставен проект, но додаде дека општината ќе помогнеме до следната сезона да се реши и греење во средното музичко училиште.

„Овие деца што се тука постојано ќе имаат одлични услови за работа“, рече Талески.

Ваквите најави доаѓаат откако дел од учениците се жалеа на ужасните услови за спроведување настава во музичкото училиште „Тодор Проески“, а ваквите вести стигна и до веб сајтот на американската телевизија CNN. Фотографиите кои ги испратија учениците, може да ги видите ОВДЕ.