[Галерија] Музичкото училиште во Битола наликува на напуштена ментална институција

По вчерашниот протест на родители и ученици во музичкото училиште од Битола „Тодор Проески“, веста за лошите услови во кои учат учениците стигна до CNN.

[Галерија] Музичкото училиште во Битола наликува на напуштена ментална институција

Сликите, според објавата на CNN, се испратени од учениците кои не нашле разбирање од надлежните органи за своите проблеми. Еве што се наведуваа под фотографиите:

„Ова е единственото музичко училиште во Битола, која е втор по големина град по население во Македонија. Од ова училиште излегоа најдобрите уметници во македонската и европската музика. Учениците сега ,дури и без фондови, се уште одат на натпревари во европските градови и држави како Белгија, Италија , Хрватска и многу други земји од каде се враќаат со први или втори награди и со најдобри коментари од судиите. Можете да видите од фотографиите каква катастрофа е ова училиште. Ние напишавме писмо до министерот за образование кое беше објавено во во медиумите, но тој не одговори. Имаме печки, кои повеќе чадат отколку што топлат. Исто така, ние немаме доволно инструменти, а тоалетите ужасно мирисаат. Со оваа приказна, сакаме да испратиме загриженост до светоти можеби до властите. Ова не е политички или верски собир, ова сме само ние учениците. Реалната слика за нашето училиште е таа, не се знае дали претставуваме музичко училиште или напуштена ментална болница од Втората Светска Војна“.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од ова училиште на сајтот на CNN.

[Галерија] Музичкото училиште во Битола наликува на напуштена ментална институција

33

44

55

66

77

88