Карпош објави повик за субенции за обуки за возачка дозвола

Со вкупен буџет од 5.000.000 денари, Општина Карпош преку Секторот за развој од денеска започна акција за субвенционирање на младите жители на локалната самоуправа кои сакаат да полагаат за возачка дозвола (Б категорија), при што целосно ќе ги покрие трошоците за обука од теоретскиот и стручниот дел од испитот.

Општинарите од скопски Карпош велат дека јавниот повик за субвенционирање ќе трае до исцрпување на средствата за оваа намена и ќе функционира по принципот „Прв дојден, прв услужен“.

Право на пријавување имаат сите заинтересирани физички лица кои се жители на Општина Карпош минимум три години, исто така млади лица кои во 2023 веќе наполниле 18 години, вклучително и оние кои сѐ уште немаат 18 години, а се родени во 2005 година.

Исто така, ќе се субвенционираат само оние лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми и уплатиле во определените авто-школи на денот или по денот на објавување на Јавниот повик (денес, 28 март).

„Општина Карпош ќе покрие 100% од износот кои се наплатува за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија. Во случајов, истиот износ е утврден како минимална цена за обука во Правилникот за минимална цена, за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност“, стои во повикот.

Повеќе за критериумите за повикот може да се прочита ТУКА.