Канада сели 40 шумски бизони во Алјаска за да го спаси нивниот вид од изумирање

Канадската влада објави дека одлучила да пресели околу 40 шумски бизони од северна Алберта во Алјаска за да се создаде доволно големо стадо од овие животни и така да се обезбеди долгорочен опстанок на најголемото копнено животно во Северна Америка, пренесува „Н1“.

Шумскиот бизон во Канада има статус на загрозен вид од 2003 година, а бројот на единки сè уште се намалува, па му се заканува изумирање доколку не се преземе нешто за да се заштити.

На почетокот на 19 век, бројот на шумски бизони, поголем од рамничарските бизони, бил проценет на околу 168.000 во северозападна Канада и во внатрешноста на Алјаска, но до крајот на 19 век, останале само неколку стотици.

Во 2015 година во Алјаска беше започнат проект за обновување на популацијата на шумски бизони во дивината, односно се проценува дека моменталниот број на единки од овој вид во западна Алјаска е поголем од 100.

Освен во Алберта, шумските бизони може да се најдат и во Канада, Британска Колумбија и Јукон.