Како да препознаеме лаги за Ковид-19 на Интернет? – Повик за учество во интерактивно предавање

Вирусот Ковид 19 освен што не натера да ги смениме секојдневните навики, истовремено го менува и начинот на функционирање на медиумите и примањето информации во светот кој се соочува со уште една, паралелна пандемија од дезинформации.

Во рамки на Деновите на медиумска писменост, Радио МОФ ве поканува да го проследите интерактивното предавање на тема „Како да препознаеме лаги за Ковид-19 на Интернет?“. Предавањето ќе се одржи на 29.10 (четврток), на видео платформата ZOOM, во 14:00.

Гости – предавачи на настанот ќе бидат Весна Никодиноска, новинарка и комуниколог МИМ; Марија Севриева, новинарка во Види Вака; и Матеј Поп-Дучев, студент по медицина. Преку презентација на нивното досегашно искуство со борење против дезинформациите за Ковид-19 и конкретни примери ќе имате можност да научите како правилно да се информирате за вирусот, од каде да ги наоѓате точните информации, како правилно да ги пренесувате вестите кои сте ги слушнале и како да проверите дали нешто е точно или само лажна вест.

По предавањата ќе следат дискусии каде ќе имате можност да ги поставите вашите прашања.

Ве покануваме да се пријавите за учество на предавањето на следниот линк.

Интерактивното предавање се одвива во рамки на Медиумската кампања на Радио МОФ насловена #Инфодемија.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.