Југоистокот утре ќе протестира и пред Влада за итно запирање на Казандол

Утре, напладне, граѓаните од Југоистокот и пошироко ќе се соберат на протестен марш пред Владата, каде уште еднаш ќе се отвори нивниот став против изградба на рудници.

„Иако живееме во Скопје, негативните последици од рудниците ќе ги чувствуваме и ние. Рудниците се проблем на целата земја. Екстрактивизмот не е живот, тој го уништува животот.

Да покажеме солидарност со нашите сограѓани, да покажеме став ПРОТИВ, да побараме ИТНО СОПИРАЊЕ на изградбата на рудникот. Да се собереме пред Влада на РМ да го покажеме нашиот протест и директно да го доставиме барањето за мораториум на сограѓаните од Југоистокот“, стои во апелот за протестниот собир.

Во истовреме, протестен марш ќе се одвива и во Валандово.

Протестен марш за итно запирање на рудникот Казандол