Протестен марш за итно запирање на рудникот Казандол

Овој петок (8 декември) граѓаните од југоистокот ќе излезат на протестен марш за уште еднаш да се искажат против рудниците.

Маршот ќе започне напладне со собир на булеварот „Првомајска” пред автобуската станица во Валандово каде ќе се одржат говори.

Маршот потоа ќе се движи кон регионалната крстосница Валандово – Пирава – Марвинци (Страиште).

„При пристигнувањето и блокирањето на крстосницата ќе ги споделиме нашите барања за итно стопирање на Казандол, Иловица-Штука и Боров дол“, велат од иницијативата „Спас за Валандово“.

Во склоп на собирот, во Валандово ќе започне „Конференција на граѓаните против рудниците на смртта“ каде ќе може да се слушнат слични искуства од стопирање на рудници во Романија, како и во Грција и Бугарија. Исто така, ќе се отвори простор за дискусија на тема „Што од овие искуства ние како граѓани на Југоистокот на Македонија можеме да искористиме во нашата борба против рудниците на смртта?”

Програма на протестниот марш:

12:00ч – 12:30ч Собир на граѓани пред Автобуска станица Валандово
12:30ч – 13:00ч Граѓански говори пред почетокот на Маршот
13:00ч – 13:40ч ПРОТЕСТЕН МАРШ
13:40ч – 14:00ч Блокирање на регионалната крстосница Валандово – Пирава – Марвинци (Страиште) и споделување на пораки до јавноста
14:00ч – 14:40 Враќање на Протестниот Марш кон почетната точка во Валандово
15:00ч – 16:00ч Конференција на граѓаните против рудниците на смртта