Јубилејна 20. „Бела ноќ“ во сабота во Скопје

Во сабота (5 октомври) ќе се одржи јубилејното 20. издание на „Бела ноќ“ во Скопје.

Настанот ќе се одржи на повеќе локации, а организаторите посочија дека граѓаните ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси.

Во прилог погледнете ја целата програма:

ЈУ Универзална сала

  • Концерт на музичко училиште „Ентерпрајз / Дефиле на француска театарска група „Compaigne des quidams“ (ЗД мапинг, спектакл на отворено) – Ибни Пајко, 20:00 часот
  • Поп рок концерт на Култи Ватор – Школка, 20:00 часот

Младински културен центар

  • Меѓународен фестивал на електронска музика со ди-џеј Томи Бојаџи (Македонија), ди-џеј Dee (Србија), ди-џеј Geri Kacerja (Албанија) како и видео артистот Петар Џон – клуб ресторан МКЦ, 22:00-06:00 часот

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци”

  • Друштвени игри за раскажување приказни (интерактивна работилница за родители и деца), во соработка со Издавачката куќа. Сказнувалка” / Оддел за литература, 18:00 часот

НУ Музеј на македонската борба за самостојност

  • Изложба 100 години од смртта на Арсениј Јовков – хол, приземје, 20:00 часот
  • Изложба „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески” – хол, кат, 20:00 часот
  • Изложба за жените во македонската историја под наслов „И тие се херои“ – конференциска сала, 20:00 часот

Културно информативен центар – КИЦ

  • „Effortless” – изложба на слики на Јана Луловска – Империјал 1, 20:00 часот
  • Групна изложба на фотографии на Зрно Фестивал „Танцот на фотоните“ – Империјал II, 20:00 часот
  • „Резонанца“ – Групна изложба по повод наградата Борко Лазески – продажен салон, 20:00 часот
  • Концерт на Ана Мазнејкова на пијано под наслов „Годишни времиња“ – Салон 19:19, 21:00 часот

НУ Национална галерија

  • Изложба „Сенки во облаците“ на Емил Шулајковски – Чифте Амам, 20:00 часот
  • Јубилејна изложба по повод 120 години од раѓањето на Томо Владимирски – Даут Пашин Амам, 20:00 часот

Музеј на современа уметност

  • Самостојни изложби на победниците на 14-тото меѓународно Биенале на млади уметници
  • Изложба на Серхат Емрулаи со инсталацијата „Се селиме на нова локација”
  • Изложба на Наџа Крачуновиќ „Во име на мајка, во презиме на татко”
  • Изложба (исцртување на ѕидови) на Дан и Лиа Пержовски – хол, 20:00 часот

Музеј на град Скопје

  • Настап на француска театарска група „Compaigne des quidams” со дефиле и спектакл на отворено, од Музеј на Град Скопје, улица Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост па се до паркот Ибни Пајко – од Музеј на Град Скопје до Ибни Пајко, 19:45 часот

Кафуле „Излет”

  • Изложба на постери, илустрации и стрипови на Славица Купенкова – 20:00 часот

Дом на култура „Кочо Рацин“

  • Изложба под наслов „Бескрајна приказна за една точка“ на Марија Чепишева – галерија Ко-Ра, 20:00 часот

Лабораториум

  • Мултимедијален микс на културни и уметнички изразувања кои го отелотворуваат духот на Скопје и неговата креативна заедница под наслов „Стоногалка“ – Европски универзитет, 20:00 часот

ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници)

  • Осветлено/илуминирано урбано наследство – булевар „Илинден“ бр. 63, 20:00 часот

Македонски народен театар МНТ

  • Театарска претстава „Кец на десетка“, влез: бесплатен, подигнување билети на билетарата на МНТ од 19:00 часот – МНТ, 20:00 часот

ЈУ Детски културен центар Карпош

  • Натпревар „Инструменти на моите предци“ – ДКЦ, 09:00 часот
  • Ликовна изложба, ДКЦ, 12:00 часот

Кинотека на Македонија

  • Проекција на филмот „A Bucket of Blood“ од Roger Corman – 20:00 часот

ЕХО Фестивал на планински филм

  • Ноќно кино (прикажување на победнички филмови од минатите изданија“ – под бранатна на Матка, 20:00 часот