ЈСП од утре пак го укинува бесплатниот превоз за возрасни лица

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека од утре (вторник, 2 јуни) повторно нема да важи бесплатното користење на скопскиот јавен превоз за возрасни лица.

Односно, повторно се укинува бесплатниот превоз за жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години во вторник, петок, сабота и недела.

„ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19“, се вели во соопштението на ЈСП.

Инаку, претходно, бесплатниот превоз се врати изминатиов петок (29 мај), по укинувањето на полицискиот час, па фунционираше само петокот и викендов.