ЈСП: Од денеска од 18 часот повеќе автобуски линии ќе сообраќаат по изменет режим

ЈСП „Скопје“ информираат дека денеска, петок (30 јули) од 18 часот автобусите од линиите кои сообраќаат во реонот во насока кон Бит пазар, мост „Гоце Делчев“, Градска болница, Билна аптека и слично, ќе имаат изменет режим на сообраќање.

Изменетиот режим е поради изведување на градежни активности на дел од коловозот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од крстосницата со улица „Беласица“ и улица „Никола Карев“ до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“.

„Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на „БЕГ“, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до недела (01.08.2021 година)“, соопштуваат од ЈСП.

Се работи за линиите: 3, 3Б, 5, 15,  23, 27, 7, 17, 33, 31, 41, 51, 51а, 58, 58а, 58б, 67, 70, 74, 80а, 21, 21А, 22, 18а, 20, 45, 47, 47а, 65Б, 65В, 52, 53, 54, 55, 55а, 55в, 61, 62, 63, 63а, 65, 66, 66а, 68, 69, 71, 81, 11, 11а, 15А, 18, 118, 32, 35, 56, 56а, 60, 64а.

Подетално инфо за изменетите линии ТУКА.