Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека во среда (31.12.2025 год) ќе се работи по редовен зимен возен ред.
„Во четврток (1.01.2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП и приватните превозници ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред“, информираат оттаму.
Од петок (2.01.2026 год) јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Работно време на билетарници и центри за персонализација
Во среда (31.12.2025 год), шестте центри за персонализација и билетарниците на Зелено пазарче, Бутел пазар и во Ѓорче Петров ќе работат до 16 часот , а останатите билетарници ќе работат само прва смена до 14 часот.
Во четврток (1.01.2026 год), дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар (од 11-17 часот) и на Жичница (од 11-17 часот).
Од петок (2.01.2026 год) продолжуваат со вообичаено работно време.
Работно време на Жичница
Жичницата на 31.12.2025 год ќе работи од 10 до 15 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот. Последното возење од долу кон врвот и од врвот надолу е во 16:30.
Сите терминит на првите вклучувања на градски и приградски линии, и приватните превозници на 1 јануари 2026 година може да се видат ТУКА.


