ЈСП: Линијата 63А во наредните 9 месеци ќе сообраќа по изменета траса

Приградската линија 63А (Транспортен центар – Ајатовци) во наредните 9 месеци ќе сообраќа по изменета траса од вообичаената поради изградба на надвозник на патот Марино – Бунарџик, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП).

„Траса на движење од Транспортен центар до Ајватовци:- Од Транспортен центар до кружен тек во населба Илинден ќе се движи по редовната траса, потоа ќе продолжува по траса на линија 63, по улица „9“, потоа ќе излегува на улица „8“ и ќе врти лево (по траса на линија 66 ), кај складот на „Макпетрол“ (Зегин) ќе врти десно на надвозникот, па ќе продолжува до с.Ајватовци и завршува во с.Бунарџик (сред село), каде ќе биде и последната постојка (свртувалиште). Траса на движење од Ајватовци до Транспортен центар:
од с.Бунарџик (сред село) ќе се движи до Ајватовци, па ќе продолжува до надвозникот и кај складот на „Макпетрол“ (Зегин) ќе врти лево по улица „8“ (по траса на линија 66), кај раскрсницата Ким ќе врти лево по улица „9“ (по траса на линија 63) и од кружниот тек во населба Илинден ќе продолжува по својата вообичаена траса“, соопштија од ЈСП.

Истовремено, оттаму истакнаа дека при посочениот изменет режим, автобусите ќе ги користат постојните автобуски стојалишта, како и дека изменетиот режим се очекува да важи во наредните 9 месеци, временски период во кој е предвидено да траат градежните зафати на трасата, односно изградбата на новиот надвозник.