Јетон Шaќири ја презеде функцијата министер за образование и наука

Јетон Шаќири и официјално ја презеде функцијата министер за образование и наука. Преку Фејсбук објава вели дека му е чест што е дел од новата Влада и најави дека ќе придонесе за најдоброто на образованието, општеството и земјата.

„Ви благодарам за довербата“, напиша тој.

Шаќири инаку е доктор по економски науки. Од 2008 година е асистент и професор на Економскиот факултет при Меѓународниот универзитет во Струга. Изминативе две години служеше како министер за информатичко општество и администрација, а од 2018 до 2020 година беше директор на ЈП Водовод во Струга.

Шаќири доаѓа на местото на досегашната министерка Мила Царовска, која му посака успешна работа.

„Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата“, напиша Царовска на нејзината Фејсбук страница.