„Јавна проба“ – концерт на Марија Каева во Јавна соба

Насловен како „Јавна проба“,  во клубот „Јавна соба“ свој концерт ќе одржи пејачката Марија Каева во придружба на својот состав.

На втори март, четврток, со почеток во 21 часот, Каева ќе настапи во придружба на Дино Милосављевиќ (тапани) и Владан Дробицки (електроника).

Во концептот за „Јавна проба“, организаторите посочуваат дека секоја седмица, на поткровјето на „Јавна соба“, ќе настапува по еден музички состав.

„Каева можеби ја познавате од ‘Фројд е жив, а ти си неодлоив’, можеби од ‘Здраво, те сакам’ периодот, а можеби сте запознаени со нејзината најнова авторска работа, албумот ‘Фортуна’, кој излезе пред малку повеќе од година дена“, велат организаторите.

За концертот на Марија Каева ќе загрее Мирко Попов Квартет.

Билетите за музичкиот настан чинат 300 денари, а поради ограничениот капацитет, резервација на билетите е достапна на 078 250 554.