Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) 2022–2032 година организира jавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Центар ќе се одржи на 18 август 2025 (понеделник) во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во периодот од 10 до 13 часот.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk.
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.