Јапонски таксист се здоби со затворска казна бидејќи намерно прегазил гулаб

Во Јапонија, гулабите можат да бидат жртви во криминал, откако полицијата уапси таксист во Токио поради сомнеж дека со умисла прегазил јато птици, притоа убивајќи еден гулаб.

Осомничениот Ацуши Озава „го искористил своето возило за да убие гулаб“ се вели во соопштението на полицијата во Токио, а Озава е уапсен поради прекршување на законот за  заштита на дивината, изјавил портпарол на јапонската полиција.

Осомничениот изјавил дека влетал со возилото во јатото бидејќи „патиштата се за луѓе, а гулабите треба да ги одбегнуваат колите“.

Додека дел од гулабите можат рекреативно да се ловат, во Јапонија се заштитени гулабите кои живеат во урбаните средини и можат да се отстранат само во случаи доколку се докаже дека им прават штета на земјоделците, а и при овие случаи потребно е дозвола од локалните власти.

Според сведоците, такститот намерно го забрзал своето возило и го прегазил јатото. Настанот во полиција го пријавил случаен минувач кој забележал дека возачот ја згоемил брзината на возилото иако ги гледал птиците на патот.

Повредите на загинатиот гулаб биле прегледани и потврдени од ветеринар.

Бидејќи осомничениот е професионален возач, полицијата го опишала неговото однесување како „високоризично“, што придонело тој да биде и уапсен.