Јапонска компанија повторно се обиде да слета на Месечината

Јапонската компанија „iSpace“ повторно се обиде да го слета својот беспилотен вселенски брод на Месечината, две години по претходната неуспешна мисија, во обид да стане првата компанија надвор од Соединетите Американски Држави што ќе слета на Земјиниот сателит, пренесува Ал Џазира Балканс.

Компанијата „iSpace“ со седиште во Токио очекуваше да им се придружи на американските компании „Intuitive machines“ и „Firefly Aerospace“, кои веќе постигнаа комерцијални слетувања на Месечината.

Според јапонската компанија, тие очекуваа „Resilience“, нивниот втор лунарен лендер, да слета на Маре Фригорис, базалтна рамнина на околу 900 километри од северниот пол на Месечината, по спуштањето во лунарната орбита за кое се проценува дека ќе трае еден час.

Сепак, според информациите од утринава (6 јуни), контролорите на мисијата утврдија дека е малку веројатно изгубената комуникација со лендерот да биде обновена и затоа завршувањето на „Success 9“ не е остварливо. Одлучено е мисијата да се заврши.

„Со оглед на тоа што во моментов нема потенцијал за успешно слетување на Месечината, наш главен приоритет е брзо да ги анализираме телеметриските податоци што ги добивме досега и вредно да работиме за да ја идентификуваме причината“, рече Такеши Хакамада, основач и извршен директор на „iSpace“.

Пред две години, првиот лендер на „iSpace“ се урна на површината на Месечината поради погрешно препознавање на нејзината надморска височина.