Јамајка ја легализира марихуаната за лична употреба

Јамајка ја декриминализираше марихуаната во мали количини приклучувајќи се на интернационалниот тренд преку намалување на рестрикциите за поседување на канабис, објави Al Jazeera.

Според законот кој беше донесен во вторникот, ќе бидат казнети оние кои поседуваат повеќе од 50 грама (две унци) марихуана меѓутоа со ниски казни и притоа нема да им биде отворено криминално досие. Исто така, се дозволува одгледување до пет растенија на кои било простории.

Оваа дозвола е донесена со цел да се надгледуваат прописите за дистрибуција на марихуана за медицински и научни цели, како и религиозни цели.

Оваа островска држава се приклучи на повеќе од десетина земји во САД кои веќе ја легализирале или ја декриминализирале марихуаната.

Употребата на канабисот одамна е културно вградена во Јамајка. Сепак, законите создадоа страв меѓу политичарите дека со легализизацијата на марихуаната ќе се прекршат меѓународните договори.

Неодамна, Алјаска стана третата американска држава каде марихуаната е прогласена за легална. Според новиот закон, приватното конзумирање ќе биде легално, но јавната конзумација останува забранета во оваа држава.