Алјаска ќе ја легализира марихуаната

Алјаска е третата американска држава во која марихуаната ќе биде легална. Отсега секој кој има 21 година ќе може легално да поседува до 28 грама и да одгледува најмногу 6 растенија. Според новиот закон, приватното конзумирање ќе биде легално, но јавната конзумација останува забранета.

Сепак, власта во Алјаска се уште треба да одлучи за правилата за продажба на марихуаната. Гувернерот Бил Валкер најави формирање одбор за контрола на марихуана што ќе ја регулира нејзината продажба, слично како што се врши регулирање на алкохолот.

Досега, голем број држави ја прогласиле марихуаната легална, но во ограничени количини за потребите во медицината. Легализацијата во оваа држава доаѓа после пет месеци откако водителка на вести јавно си даде оставка читајќи извештај за бизнисот со медицинска марихуана кога призна дека таа е сопственикот.

Извор: telegraph.co.uk