(Из)вонредно предавање: Природни катастрофи – предизвиците во деновите што доаѓаат

Второто (Из)вонредно предавање е насловено „Природни катастрофи – предизвиците во деновите што доаѓаат“ и ќе се одржи денеска, 7 април,  во 18:00 часот.

Предавањето ќе го држи биологот и еко-активист Кирил Пржо Арсовски. Неговото предавање вели дека е инспирирано од приказните за природни катастрофи за кои слушаме во некои далечни делови од светот а стануваат нашето секојдневие. Речиси целата човечка популација се соочува со различни видови на катастрофи и несреќи, предизвикани делумно од климатските промени со кој се соочува планетата.

Предвидените сценарија, даваат упатство дека овие појави нема да се реткост, туку напротив дел од иднината на цивилизацијата.

За тие што сакаат да го проследат предавањето и да чујат кои се сценаријата за иднината на нашата планета се што треба да се направите е да се пополни краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6 а кога ќе дојде терминот за предавање ќе биде испратен е-маил со линк до предавањето.

(Из)Вонредни онлајн предавања за млади на повеќе теми