(Из)Вонредни онлајн предавања за млади на повеќе теми

Во услови на вонредна состојба, која целосно го менува секојдневието, а со цел да се насочи времето кон продуктивни нешта, Младински образовен форум организира повеќе (Из)вонредни предавања – отворени предавања за млади одржани од страна на членови на МОФ.

Покривајќи теми од области на еколошките катастрофи, меѓународни односи, па се до осврт кон античката литература, овие онлајн предавања ќе бидат наменети за сите млади (и оние кои така се чувствуваат).

Предавањата ќе се одржуваат на платформата за видео-комуникација Zoom, во 18 часот во текот на месец април, по следиов распоред:

5 април – „Debating in the real world, how not to be a d!%#“ со Петар Димитров и Иван Мицковски

7 април – „Природни катастрофи, предизвиците во деновите што доаѓаат“ со Кирил Пржо Арсовски

11 април – „Меѓународни односи, основни идеи и принципи“ со Јаков Шаревски

17 април – „Осознавање на светот преку податоци“ со Ѓорѓи Димески

21 април – „Средината на кругот – вовед во правото“ со Вилдан Дрпљанин

30 април „For the love of Gods, why do we need theater today? – Анализирајќи ги митовите, Аристотел и Антигона“ со Петар Антевски

Доколку сакате да слушнете дел од предавањата (или можеби сите) се што треба да направите е да се пријавите на следниот линк: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6 , а кога ќе дојде терминот за предавање МОФ ќе испратиме е-маил со линк до предавањето.

„Следете го овој настан за повеќе информации околу термините и темите на предавањата и останете безбедни!“, порачуваат од МОФ.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.