(Из)вонредни предавања: Меѓународни односи, основни идеи и принципи

Циклусот (Из)вонредни предавања во организација на Младински образовен форум се враќа на 11 април. Третото отворено предавање за млади е насловено „Меѓународни односи, основни идеи и принципи“ и ќе започне во 18:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.

Предавањето ќе го одржи членот на МОФ, Јаков Шаревски. Тој за своето предавање вели дека е инспирирано од секојдневното политизирање кое го гледаме во светските медиуми.

„За време на своето предавање ќе зборува за принципите позади константните превирања на светските сили и нивните сојузници и од каде истите ги влечат своите идеи. Современи разбирања на теориите и школите на меѓународни односи, и како споменатата гранка е сега перцепирана. Во ова предавање ќе се здобиете со подобро разбирање за вечниот муабет Америка вс. Русија, како и за потребата од моменталните конфликти помеѓу САД и Кина, идеите позади формирањето на Европската Унија и други меѓународни тела и организации“, сетои во појаснувањето на предавањето.

Предавањето можат да го следат сите заинтерсирани на темата, а за да се проследи потребно е да се пополни краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6

За оние што се веќе регистрирани за (Из)вонредните предавања, кога ќе дојде терминот за предавање ќе им биде пратен е-маил со линк до предавањето.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.

(Из)Вонредни онлајн предавања за млади на повеќе теми