Противниците на планираните реформи во правосудниот систем во Израел, денеска ги блокираа автопатите што водат кон Ерусалим, Хаифа и Тел Авив, јавува Н1.
Протестите започнаа утрово откако израелскиот парламент во прво читање ја усвои одредбата на законот со која ќе се ограничат овластувањата на Врховниот суд да ги разгледува владините одлуки. Ова е само една од одредбите кои ги предложија ултранационалистичките и ултраортодоксни сојузници на Нетанјаху.
Предложените измени во правосудството се спроведуваат и покрај силното противење.
Реформскиот план предизвика повеќемесечни демонстрации на противниците кои предупредуваат дека земјата се турка во авторитаризам.