Изложба во „Јагода“ на уметниците што учествуваа во проектот „ECHO II“

СФЕРА Интернешнал на 21 јуни (понеделник) од 19 часот во клубот „Јагода“ во Битола организира изложба во склоп на „ECHO II: Traditions in Transition“, европски културен проект кој има за цел да покани уметници кои работата во областа на сликарство, скулптура, графички дизајн и занаечиството да создадат оригинални уметнички дела инспирирани од локалната традиција.

Во склоп на проектот учествуваа 4 уметници од Северна Македонија, Грција, Бугарија и Унгарија кои твореа на уметничка резиденција во Преспанскиот регион во текот на месец мај 2021 година. За време на резиденцијата направени прекрасни дела кои ќе бидат изложени.

„Во контекст на ECHO II, локалните традиции се перципираат како динамични и развојни процеси кои ги обликуваат и се обликувани од животите на локалните заедници. Ова значи дека традициите се признаваат како конститутивни елементи на културните идентитети, но не се сметаат за „предмети“ што треба да се задржат непроменети и заштитени преку музеализација. Во ова светло, ECHO II зазема критички став кон воспоставените, но неплодни перспективи што ги ограничуваат иновативноста и креативноста, со надеж дека ќе биде можност: (а) за уметниците да ги истакнат и обноват локалните традиции преку современото уметничко творештво и (б) за локалните заедници да се саморефлектираат, а со тоа и да ги преобразуваат и ревитализираат сопствените традиции во рамките на европското културно наследство“, се вели во најавата на изложбата.

За време на настанот ќе бидат почитувани сите правила и прописи за заштита од КОВИД-19.

Проектот е ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европска Комисија, Министерство за Култура на Република Северна Македонија како и од локалните партнери: Графопром, МЗТ Инжинеринг, СН Осигурителен Брокер, Синдикат при ЕСМ и Синпекс.