Изложба по повод 50-годишнината од смртта на Пикасо во Галеријата „Остен“

Галеријата „Остен“ денеска (5 април) организира еднодневна изложба по повод 50-годишнината од смртта на Пабло Пикасо, со наслов, „ПИКАСО – керамики, цртежи и графики“ од колекцијата на „Остен Музејот“.

Од Галеријата информираат дека Музејот има импресивна колекција од 88 дела од Пабло Пикасо (1881-1973), меѓу кои 8 цртежи, 37 керамики и 43 графики, од кои дел ќе бидат претставени на изложбата.

Изложбата ќе трае од 10 до 22 часот, додека отворањето ќе се одржи во 19 часот.