Изложба на скулптури на Синиша Новески во „Метаноја“

Изложбата „Патина на љубовта“ на скулпторот Синиша Новески ќе биде отворена во четврток (15 февруари) во кафе-галријата „Метаноја“.

„Скулпторот Синиша Новески со овој избор на дела за изложбата ‘Патина на љубовта’ зборува со уметнички јазик за животот и за љубовта како главен двигател. Соочувајќи се со неговите четиринаесет скулптури и ‘исчитувајќи’ го поттекстот на творештвото на Новески може да се заклучи дека тој го разбира животот како ‘патина на љубовта’, а неговиот уметнички израз е посветен на ‘претставување’ и толкување на оваа најголемо животно ‘таинство’“, вели за изложбата рецензентот Коста Милков.

Изложбата ќе се отвори во 19 часот. За време на отворањето ќе се обрати Коста Милков, директорката на Галерија „Метаноја“ Нада Милкова и авторот Синиша Новески.

Изложбата ќе биде поставена до 6 март.