Изложбата на слики изработени во техниката пастел од академскиот сликар Илија Спасов – Чендо ќе се отвори на 19 јуни, летврток, со почеток во 13 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, во Продажниот ликовен салон.
На изложбата, авторот ќе се претстави со 25 пастели изработени во последните две години.
Илија Спасов – Чендо е роден во Неготино. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) во Скопје. Член е на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ). Добитник е на наградата за сликарство „Лазар Личеновски“ 2011. Самостојно изложувал во Скопје, Софија, Битола, Белград, Нови Сад, Дубровник, Кавадарци и Неготино. Учесник е на повеќе групни изложби.
Изложбата ќе биде отворена до 1 јули.