Изложба на најдобри планински фотографии во Котур

Планинарскиот клуб „Македон“, организира изложба за најдобри планински фотографии во „Котур“.  На изложбата ќе бидат претставени над 30 дела, избрани од претходниот конкурс за планинска фотографија на клубот.

Изложбата ќе биде отворена во понеделник, на 13 декември, со почеток во 19 часот.

„Ќе ги доделуваме наградите за првите три номинирани и наздравуваме предновогодишно. Сертификатите во џеб и ве чекаме на видување“, порачуваат од „Македон“.