Изложба на мозаици изработени од членовите на „Трисомија 21“ во Млади Хаб

Здужението за помош и поддршка на лицата со Даунов синдром „Трисомија 21“ – Скопје, по повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21 март, организира изложба на мозаици.

Изложбата ќе се одржи на вторник(21 март) со почеток од 13 часот, во просториите на Млади Хаб во центарот на Скопје.

На изложба ќе бидат претставени мозаици изработени од членовите на Здружението.

Мозаиците се изработени под менторство на Јасмина Бошевска и поддршка од Жанет Маркушова Кристинова.