Изложба на Марио Манески во кафе бар „Че“

Уметникот Марио Манески ја најавува својата нова изложба што ќе биде поставена во кафе барот „Че“ во четврток (20 октомври) во 20:00 часот.

„Точно една година помина откако ја прифатив задачата да завршам десет дела од голем формат во рок од пет дена. Задачата уште ја извршувам, а за крај на својата пет-дневна должност, која ја извршувам година дена, крајно време е да се организира изложба на која што тие ќе бидат прикажани. За време на изложбата, ‘Чe’ ќе биде трансформирано во нешто друго, кој нејќе да види нека не доаѓа“, вели Манески.

Изложбата ќе биде поставена пет дена.

Марио Манески е цртач во полето на дудл, стрип и графити-уметноста.