Изложбата на фотографии од уметницата Сара Сасани насловена „Исчезнување на пејзажот“ ќе се отвори во сабота, 7 јуни, со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Фотографиите од оваа колекција се создадени по многубројните патувања на авторката низ различни делови од Иран.
„Таа долго време се грижи за животната средина во земјата и се обидува да jа прикаже преку убави пејзажи, но со текот на времето и поради деструктивните ефекти кои средината ги има врз неа, авторката одлучува да користи алтернативна техника на принтање“, се вели во соопштението.
Пејзажите се прикажани преку создавање на ситуација која укажува на исчезнувањето и уништувањето на природата, користејќи го внатрешниот израз на оваа техника – со цел да ja предупреди публиката за оштетуватњето и уништувањето на околината.
„Животната средина и нејзините проблеми отсекогаш ми биле грижа, и секогаш сум се стремела да делувам одговорно, да ги преиспитувам еколошките прашања во моите дела и да ja подигнам свеста ка публиката. Бидејќи сум човек нераскинливо поврзан со природата, започнав поинакво искуство преку создаваье алтернативни фотографии, обидувајќи се да го нарушам ликот на природата како знак на нејзината ранливост“, истакнува Сасани.
Овие алтернативни принтови, додава таа, кои повторно имаат за цел да информираат и инспирираат – особено влади и оние со одлучувачка и извршна моќ – откриваат едно поинакво лице на природата.
„Во овој проект, ја обработувам темата за природата и промените предизвикани од урбанизацијата, човечката интервенција и конзумеризмот во овој климатски контекст. Со користеье на алтернативната техника на принтаье, создавам ситуација што укажува на исчезнувањето и уништувањето на животната средина – што е суштинска карактеристика на самата техника – со цел да се создаде единствено дело кое jа комбинира и поврзува оштетената и ранлива природа“, посочува уметницата.
Дополнително, малата димензиза на делата е симбол на постепеното намалување и уништување на природата и животната средина.