Изгласан Законот за заштита од дискриминација

Со 69 гласа„за“, еден воздржан и без ниту еден против, денеска пратениците во Собранието го изгласаа Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Претходно, Уставниот суд одлучи да го укине овој закон со образложение дека бил неуставно изгласан, поради што реагираше и Европската Комисија во својот извештај за напредокот во реформите.

Оттаму апелираа земјата да го зајакне спроведувањето на законодавството за говорот на омраза и националниот план за акција за спроведување на Истанбулската конвенција.

Законот првично беше донесен во 2018 година, а тогашниот претседател на државата не го потпиша указот за негово прогласување. Оттука тој повторно беше вратен во Собранието, каде повторно беше изгласан, а заради процедурални пропусти во мај годинава беше укинат од Уставниот суд.