Италијанец не сакал да се вакцинира, со протетска рака заминал на вакцинирање

Италијанец сакал да ги измами докторите, па на вакцинација отишол со лажна силиконска рака. Тој сакал да добие сертификат за вакцинација, пренесува „Indеpendent“.

Лицето набрзо било пријавено во полиција, а настанот се случил во северниот италијански град Бјела.

Според градоначалникот Алберто Цирио, силиконот на протетската рака изгледал многу слично со вистинската кожа.

„Но, здравствениот работник се посомневал во бојата на силиконот, па побарал од лицето да ја покаже целата рака“, објаснил градоначалникот. Тој во својата Фејсбук објава додал дека “инцидентот се граничи со комедија, но сепак станува збор за сериозно дело“.

Според локалните медиуми, Италијанецот бил медицинско лице, па тој бил суспендиран од своето работно место.

Во Италија, вакцинацијата е задолжителна за медицинските работници.