Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Истанбул

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул на Новогодишната ноќ, каде вооружен човек уби 39 луѓе, а рани речиси 70 лица.

Турските власти веруваат дека напаѓачот, кој се уште е во бегство, најверојатно доаѓа од Узбекистан или Киргистан.

Во соопштението објавено денеска, ИД наведува дека „војник на калифатот“ го извел нападот.

Напаѓачот уби полициски службеник и уште еден човек надвор од клубот во раните часови на 2017 година, пред да отвори оган со автоматска пушка додека внатре имало речиси 600 луѓе.

Околу две третини од убиените во клубот, кој често го посетуваат славни личности, биле странци, пишува турската новинска агенција „Анадолу“. Многумина од нив биле од Блискиот Исток.