Искуства на бегалци и лица без државјанство во фокусот на нова театарска претстава „Види, летам!“

Вондерленд театар го претставува својот најнов театарски проект, „Види, летам!“ –  истражување на предизвиците со кои се соочуваат лицата со статус на бегалци, барателите на азил и лицата без државјанство.

Премиерата на „Види, летам!“ е закажана за 7 ноември во Македонски Народен Театар (МНТ) во Скопје со почеток во 19 часот.

„Изработена од драматургот Ана Трпеноска, продукцијата ја црпи својата инспирација од автентичните наративи, искази и приказни на луѓето со кои и за кои работи УНХЦР. Овие лица храбро ги споделија своите искуства анонимно за време на работилниците водени од тимот на Вондерленд Театар“, велат од Вондерленд.

Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ, претставата ветува привлечна и емотивно звучна изведба. Во претставата играат актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Драгана Костадиновска.

„Поддржан од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР) и Младинскиот образовен форум (МОФ), ‘Види, летам’ на Вондрленд Театар не само што ветува дека ќе ја воодушеви публиката, туку и се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство. Со доближување на овие важни човечки приказни, продукцијата има за цел да поттикне подлабоко разбирање и поврзување во нашата заедница“, соопштуваат од Вондерленд.

По премиерата претставата ќе гостува во Тетово, Штип, Куманово и Гевгелија со следниот распоред:
• Тетово – 13 ноември на сцената на Факултетот за Драмски Уметности
• Штип – 18 ноември во Народен Театар Штип
• Куманово – 22 ноември во Театар Куманово
• Гевгелија – 29 ноември во Домот на Културата

Влезот за претставата е бесплатен. Заинтересираните можат да ги резервираат карти за премиерата на следниот линк: https://www.wonderlandtheatre.org/event-details/vidi-letam

„Публиката може да очекува вечер на театар што предизвикува размислување што ги надминува границите и допира до срцата“, се вели во соопштението на Вондерленд, од каде ја повикуваат јавноста да им се придружат во ова, како што велат, моќно истражување на човечката издржливост и потрагата по припаѓање.