Ирански новинарки добија седумгодишни затворски казни за известувањето за Махша Амини

Иранските новинарки Нилуфар Хамеди и Елахе Мохамади добија затворски казни од по седум години, а одлуката предизвика меѓународна критика.

Судот во Иран осуди две новинарки на до седум години затвор за „соработка“ со владата на САД, а против нив се покренати и други обвиненија, соопштија локалните извештаи.  Новинарките веќе биле затворени повеќе од една година, по нивното пренесување за смртта на Махса Амини.

Нилуфар Хамеди, која ја објави веста за смртта на Амини  и Елахе Мохамади, која пишуваше за нејзиниот погреб, беа осудени на седум, односно шест години затвор.

Судот во Техеран ги обвини за „соработка со непријателската американска влада“, „соработка против националната безбедност“ и „пропаганда против системот“.

Хамеди работела за весникот Шарг, а Мохамади за Хам-Михан. И двете биле приведени во септември 2022 година.

Во мај, Обединетите нации им ја доделија главната награда за слобода на печатот „за нивната посветеност на вистината и одговорноста“.

Смртта на Амини предизвика голем број долги протести во десетици градови низ Иран. Демонстрациите претставуваа едни од најсериозните предизвици за иранските власти откако протестите на Зеленото движење во 2009 година привлекоа милиони на улиците.

Додека среде демонстрациите беа уапсени речиси 100 новинари, известувањето на Хамеди и Елахе Мохамади беше клучно во деновите по смртта на Амини, а светот откри за случајот преку нивните известувања.