„Опасна мрежа“ – документарец на ПИНА за онлајн вознемирувањето врз новинарките

„Опасна мрежа“, краткиот документарец во продукција на медиумската организација ПИНА, се фокусира на онлајн вознемирувањето кое ги таргетира новинарките во земјата.

Документарецот премиерно се прикажа на скопскиот Медиумски фестивал, а од 5 октомври стана достапен на социјалните мрежи на ПИНА.

„Шест новинарки кои работат на нашата медиумска сцена говорат за различните видови на онлајн вознемирување со кое се соочиле поради нивната работа“, гласи сижето на филмот.

ПИНА е организација формирана од новинари, ентузијасти и професионалци која се залага за промоција и зајакнување на истражувачкото новинарство и професионалноста во медиумската средина во Македонија.